Момче на 11-годишна возраст синоќа околу 21 часот падна од тврдината Калемегдан во Белград. Детето е тешко повредено и моментално е во индуцирана кома во Ургентниот центар, дознава Блиц.
Несреќата се случила кога момчето кое возело велосипед, паднало од висина од три метри на тврдината Калемегдан. При падот се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесен во Ургентниот центар.