Група од девет европски земји вети дека ќе достави повеќе оружје за Украина, вклучувајќи борбени тенкови, тешка артилерија, противвоздушна одбрана, муниција и борбени возила на пешадија.

Земјите кои го издадоа соопштението од Естонија и го нарекоа ветување Талин, рекоа дека ќе поканат други сојузници да придонесат за пакетот, објави Ројтерс.