Над градот Бурса во Турција вчера бил забележан огромен облак налик на НЛО, кој ги изненади граѓаните кои со своите телефони го снимија реткиот феномен.

Речиси кружен облак, кој се појави на изгрејсонце со голема дупка во средината, остана неподвижен на небото речиси еден час.

Тоа е природен феномен наречен леќест облак, познат по својот заоблен изглед како чинија и обично се наоѓа на надморска височина помеѓу 2.000 и 5.000 метри над земјата.

Очигледно, луѓето биле воодушевени од глетката, особено ако се земе предвид фактот дека видеата за кратко време станаа вирални, а многумина коментираа дека глетката личи на НЛО (неидентификуван летечки објект).

Патем, леќестите облаци се стационарни леќести облаци кои се формираат нормално на правецот на ветрот. Кога стабилен влажен воздух се движи нагоре по планина во неколку бранови и ако температурата на горниот бран падне до точка на росење, се формираат леќести облаци.

Овие необични облаци многумина ги потсетуваат на вселенски бродови, летечки чинии и други сцени од филмови за вонземјани.

Пилотите ги избегнуваат, но туристичките едрилици ги обожаваат, имајќи предвид дека овие облачни формации можат да ги подигнат до големи височини.