Белгиските власти уапсиле маж кој со месарски нож нападнал момче на железничката станица Брисел-Југ пред неколку дена.

Против него е поднесено обвинение за однапред планиран напад, пренесува „Brussels Times“.

Имено, мажот во вторникот наутро одненадеж со нож нападнал 17-годишно момче и притоа извикал Алаху Акбар.

Го исекол и избодел тинејџерот неколку пати, што покажува и видео-снимката која се појавила на социјалните мрежи.

Тинејџерот се здобил со повреди кои не се опасни по живот.

Кратко по инцидентот, 18-годишниот напаѓач е уапсен и задржан во притвор, а обвинителите навеле дека нападот се случил како последица од претходен конфликт меѓу двете момчиња.