Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ денеска ќе го организираат деветтиот „Марш за ангелите“ во Кочани. Маршот ќе биде во знак на почит кон починатите и поддршка за побрзо закрепнување на повредените во трагичниот настан.
Маршот ќе почне во 16 часот и 5 минути од Паркот на Револуцијата, ќе продолжи пред Општината, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
На претходните маршови родителите бараат одговори од наделжните.
„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на жртвите од „Пулс“ повторно на улица бараат правда