Обединетата македонска дијаспора (ОМД) потсетува дека остро се спротивставила на таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, на Преспанскиот договор со Грција и на Законот за употреба на јазиците во Македонија. ОМД, исто така, јавно ги истакна штетните импликации што ќе ги има донесувањето на секоја од овие мерки врз македонската нација, држава и идентитет, велат од ОМД.

„ОМД во три различни наврати го повика Заев да поднесе оставка: во март 2018 година, откако македонското Собрание го изгласа неуставниот и поделен Закон за јазиците; во јуни 2018 година по потпишувањето на неуставниот Преспански договор; и во септември 2018 година за време на дебаклот на принудниот референдум за промена на името, кој имаше само 36,7% излезност на гласачкото тело“, велат од организацијата.

„Заев повеќе пати ја игнорираше волјата на македонскиот народ за неговиот идентитет. Во неговиот последен говор, тој го употреби терминот “прогресивен” за да се опише себеси и оние кои ги поддржаа неговите деструктивни постапки. Сепак, нема ништо прогресивно во тргувањето со името, историјата и идентитетот на една земја, ниту пак негирање на човековите права на македонскиот народ“, велат од ОМД.

„Од неуставната промена на името, македонскиот идентитет секојдневно се оспорува на секое ниво. Употребата на “северномакедонски” е неконтролирана во светските медиуми и владите ширум светот. Македонците немаа ни трошка корист од ниту една непромислена политичка одлука на Заев. Всушност, Заев и неговите следбеници никогаш не успеаја да постигнат одржливи економска и политичка стабилност“, додаваат од организацијата.