Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против E.A.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Во периодот од јули до септември 2022 година, пријавениот набавил кокаин и во својот дом вршел препакување и продажба на лица од Скопје.

На 20.07.2022 на бул.„Крсте Мисирков“ кај И.П.(33) од Скопје бил пронајдени кокаин, кој го купил од Е.А..

На 13.09.2022 на бул.„Партизански одреди“ кај K.M. бил пронајден кокаин, кој го купил од пријавениот.

На 20.09.2022 на ул.„Филип II Македонски“ кај Х.Ц.(52) од Скопје бил пронајден кокаин, кој го купил од Е.А..

Од страна на судија на претходна постапка, на Е.А. му била одредена мерка притвор.