Исправена сум пред нов предизвик, кој нималку не е лесен. Но, кога станува збор за Македонија и за нашата и иднината на нашите деца, нема колебање. Истрајност, многу работа, желба за убава иднина и посветеност, тоа е она на што се обврзав.
Благодарна сум на довербата која ми е укажана од страна на претседателот Hristijan Mickoski. Да се биде потпретседател на најголемата политичка партија во Македонија е пред се чест, но и обврска која ќе биде оправдана. Мој приоритет ќе биде борбата за подобар живот на македонскиот народ.
Она што во овие тешки времиња ни е потребно е стабилна економија и извесна иднина. За тоа лично и целосно ќе се заложам, со сето мое досегашно искуство и знаење.
Борбата продолжува. За Македонија!, напиша на Фејсбук, Гордана Димитриеска – Кочоска.