Во вечерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24 гостуваше потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска. Таа изјави дека притисокот поради кои се оди на издавање на нови еврообврзници се сериозните доспевања на големите износи на обврзниците кои се издадени претходните години.
„Очигледно е дека власта ќе обезбеди пари од ММФ заради тоа што знаат дека издавањето на еврообврзница ниту ќе им помине на пазарот така како што очекуваат, ниту ќе приберат пари толку колку што планираат“, рече Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска изјави дека очекувањата се дека сега ќе се земат пари од ММФ а потоа ќе следи фаза на излегување на меѓународниот пазар за издавање на нова еврообврзница. Притисокот заради кои се оди на издавање на нови еврообврзници се сериозните доспевања на големи износи на обврзници кои се издадени исто од оваа Влада во претходните години а доспеваат веќе во 2023 година.
„Не знам зошто толку многу на пари им се потребни на власта. Во услови на криза има простор за штедење во буџетот, а при тоа не слушнавме некој да дискутира за економија. Во последните 5 години тоа е поттурнато настрана и никој не го дискутира воопшто“, посочи Димитриеска Кочоска