-Преземам обврска да продолжиме заедно со овој сериозен и квалитетен тим на кандидати за советници. Заедно со луѓето во општинската организација да работиме посветено за сите вас, во реализација на голем број инфраструктурни проекти. Периодот 2021-2025 година ќе биде период на ренесанса и градба за нашата општина за еден модерен и европски лик бидејќи тоа го заслужува Куманово и кумановци, рече Димитриевски.

Во своето обраќање, тој најави проекти за намалување на сообраќајниот метеж, предвидено е изградба на 5 нови кружни текови на клучни локации: на крстосница меѓу булевар Октомвриска Револуција и Булевар 3-та МУБ, на крстосница меѓу улиците Бајрам Шабани, Булевар 3-та МУБ и улица Гоце Делчев (Серава), на крстосница меѓу булевар Октомвриска Револуција, улица Доне Божинов (Макпетрол), на крстосница помеѓу булевар 3-та МУБ и улица Тоде Мендол (Градски Пазар), на крстосница помеѓу булевар Окомвриска Револуција и улица Видое Смилевски Бато (влез во село Проевце).

Еден од приоритетите на инцијативата „За Наше Куманово“ е вложувањето во унапредувањето на образованието и создавање услови за реализација на квалитетна настава. И во следниот мандат ќе продолжиме со инвестиции во реконструкција на општинските училишта и подобрување на условите за образование.

Димитриевски посочи дека силата е во младите и младите лица се авангардата на ова општество. Нашиот план е целосно реконструирање на Спортска сала, Комплексот Соколана, Градскиот стадион и Спортскиот комплексот во Поранешен Дом на АРМ.

Повозрасните граѓани мора да имаат подостоинствена старост. За таа цел, следува проширување на капацитети на Дом за стари лица “Зафир Сајто“ – Куманово на локација во с. Проевце и континуирано подобрување на условите во постоечките капацитети на Дом за стари лица „Зафир Сајто“.