Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во гостувањето на „Утрински брифинг“ потенцираше дека апсолутно го поддржува директорот на ДПИ Стојко Пауновски во делот на неговите ставови и на истиот начин би постапил доколку се нашол на негова позиција и во такви услови да работи.

-Доколку имавме можност ставовите коишто се носат или диктираат претходно да ги изградиме заедно на одредени форуми тогаш сигурно дека заедно ќе ги застапувавме и реализиравме. Но, кога се носат вакви ад-хок решенија за мене однесувањето сосема е разбирливо, вели Димитриевски.