На состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Парламентот, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда, беше реафирмирана и поддршката од страна на летонските пратеници Македонија да ги отпочне пристапните преговори со Унијата.
– Латвиското искуство во евроинтегративниот процес внесе свежа енергија и надеж за консолидирање на европскиот континент. Искрената и пријателска поддршка е голем поттик за продолжување на реформите, а парламентарната соработка е еден од конкретните показатели во таа насока, што придонесува за унапредување на демократијата, рече Димитров.
Од летонска страна, како што соопшти СЕП, пратениците честитаа на НАТО членството и потенцираа дека секое понатамошно одложување на пристапните преговори со Македонија испраќа деморализирачки сигнал до земјите од Западниот Балкан, до сите оние земји кои решително ги спроведуваат демократските реформи со крајна цел влез во ЕУ.