На деветтата седница на Советот на Град Скопје беа донесени повеќе одлуки насочени кон подобрување на животната средина, сообраќајот и комуналните услуги во градот
На деветтата седница на Советот на Град Скопје беа донесени повеќе одлуки насочени кон подобрување на животната средина, сообраќајот и комуналните услуги во градот.
Дел од заштедените средства ќе бидат наменети за замена на системите за греење во средните училишта, со цел намалување на емисијата на штетни честички и подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје.
Градските власти најавуваат и нови сообраќајни решенија за побезбеден и побрз транспорт, со посебен акцент на развојот на велосипедската инфраструктура и зголемување на безбедноста на пешаците.
Дополнително, одвоени се средства за набавка на нови возила и контејнери за потребите на ЈП Комунална хигиена Скопје, со цел подобрување на системот за управување со отпад и негово приближување до европските стандарди, порача претседателот на Советот на Град Скопје Даме Димитровски.
Во донесените одлуки се предвидени и инвестиции во нови паркови, проекти за обновливи извори на енергија, како и изградба на катни гаражи на локации каде што има најголема потреба.
