– Во 2018 година дипломатите Миле Миленкоски и Владимир Сарафов пред да одат за Ереван, биле обезбедени со македонски пасош со украден идентитет. На македонскиот пасош била аплицирана фотографија на нивниот клиент, Lyova Sargsyan, ерменски амбасадор, бизнисмен и брат на поранешниот претседател на Ерменија, кој им платил голема сума на пари за да го евакуираат до Виена со приватен авион
Најбитно, парите не биле наменети само за Миленкоски и Сарафов, бидејќи тие биле само извршители, затоа поголем дел од парите на Lyova Sargsyan требало да се дадат на повисоки функционери кои им давале насоки и логистика во целиот случај.
📌 Тогашниот државен секретар Виктор Димовски бил во тек со случувањата, а подоцна за аферата биле запознаени и министрите Димитров, Спасовски и Бујар Османи, како и премиерот Заев. МВР по барање на Интерпол почнала и истрага во МНР, водела разговори со неколку дипломати, меѓу нив и со Љуфтим Спахиу, висок раководител и близок соработник на министерот за надворешни работи. Но, прашањето дали во МНР постои белешка од овој разговор и дали случајот бил пријавен во јавното обвинителство?, пишува Милошоски на „Фејсбук“.