Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, во емисијата „24 Анализа“ рече дека ќе се вакцинира со вакцината на Астра Зенека и потенцираше дека мора да се има доверба во нашиот здравствен систем.

– Мораме да имаме доверба во нашиот систем. Јас ја имам, не само затоа што работам во него. Сè потешко ќе ни биде во секоја идна и сегашна ситуација, ако не веруваме во она што го прави здравствениот систем. Верувам дека многу малку верувале и очекувале дека ќе се носиме со работите вака како што се носиме, а јас сметам дека многу професионално и многу добро се носиме, изјави Стевановиќ.