Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска ќе одржи средба со новинарите со фокус на исплатата на надоместоците за привремена спреченост од работа.
Од ФЗОМ информираат дека исплатени се над 623 милиони денари за боледувања во август, од кои над 414 милиони денари за породилни надоместоци.
На брифингот со новинарите ќе стане збор и за активностите за воспоставување редовна и предвидлива динамика на исплата – месец за месец.
