Гебрејесус исткна дека се повторуваат грешките од времето на пандемијата на СИДА, кога сиромашните земји чекаа лекови за вирусот десет години откако се појавија во богатите земји.

– Проблемот е недостаток на вакцини. Не е проблем при испораки, не е проблем примање вакцини, рече Гебрејесус, наведувајќи примери што богатите земји ги користат како изговор.

Неговиот советник Брус Ајлвард изјави дека ситуацијата во Африка е исклучително тешка бидејќи бројот на инфекции е зголемен за 50 отсто во претходните пет недели.

– Помалку од два процента од популацијата е вакцинирана. Секој наш добавувач на вакцини не може да ни ги достави бидејќи другите земји ги бараат тие производи и ја вакцинираат младата популација која не е загрозена, изјави Ајлвард.