Комисијата објаснува дека учеството на граѓаните во гласањето по пошта не било земено предвид и затоа е несоодветно да се споредат податоците за оваа и 2017 година.

Избирачките места ќе бидат отворени до 18 часот, по што ќе се објават податоците од првата излезна анкета. Околу 60,4 милиони луѓе во Германија имаат право на глас.

Германскиот изборен систем е многу отпорен на обиди за надворешно влијание и манипулација, бидејќи гласовите всушност се бројат и сумираат двапати, објаснува Федералната изборна комисија.

Прво се пресметуваат прелиминарните резултати од гласањето. По затворањето на избирачките места започнува рачно пребројување на гласачките ливчиња, по што податоците се пренесуваат до општината. Оттаму, тие се соопштуваат телефонски или електронски на окружно ниво, потоа до администрацијата на федералните провинции, а потоа ги испраќаат информациите до Берлин, каде што се наоѓа канцеларијата на претседателот на Федералната изборна комисија. Дури утре навечер, властите веќе ќе можат да ги објават официјалните прелиминарни резултати од изборите. Оваа година, поради пандемијата на Ковид-19, беше овозможно да се гласа и по пошта.

Утврдувањето на официјалните конечни резултати почнува од утре и трае повеќе од две недели.