Според првата проценка на институтот за анкети ГФС во Берн, за новата мерка гласале 64 отсто од гласачите, а 36 отсто биле против, што е повеќе отколку што предвидуваа анкетите пред референдумот.

Според раните анкети постојана им беше давана предност на поддржувачите на хомосексуалните бракови на што главно се спротивставуваше популистичката партија УДЦ, како и некои верски групи.

Швајцарскиот парламент и извршното тело Сојузен совет го поддржуваа предлогот „Брак за сите“.

Со овој референдум Швајцарија се усогласи со големото мнозинство земји од западна Европа.

Групите кои беа против се активираа нешто позасилено пред гласањето, но остануваат во голема мера во малцинство.

Истополовите двојки веќе можат да формираат цивилна врска во Швајцарија од 2007 година, но новите мерки предвидуваат да можат заедно да посвојуваат деца, а лезбиските двојки да користат донирана сперма.

Кампањата беше обележана со обвинувања за нефер тактики, двете спротивставени страни укажуваа на кинење на плакатите, непријателски пораки и извикување навреди кон активистите, и напори да се замолчат спротивставените ставови.