Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачности и слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро. В сабота ќе има повремен дожд, претежно во западните делови, а в недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер.

Дневната температура од недела ќе биде пониска.