Снежни врнежи и ветер во среда, 21 Јануари
Во среда, 21 Јануари, Македонија ќе биде погодена од врнежи под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, поврзана со ладен воздух од север и североисток. На пониските места се очекува формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри, а на високите и планинските места таа ќе биде поголема. Во текот на денот ќе дува источен и југоисточен ветер, кој особено во Повардарието повремено ќе засилува.
Прогноза за Скопје и околината
Во Скопје и околината се очекуваат повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, кои ќе бидат мешавина од дожд и снег. На околните планини и повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег. Повремено ќе засилува југоисточен ветер.
Температурите наутро ќе се спуштат до околу -3 степени, а преку денот ќе достигнат околу 3 степени.
