„Мојата кампања ќе биде исклучиво позитивна, насочена кон граѓаните и кон она што го нудиме на граѓаните. Значи знам дека противникот немајќи понуда, или немајќи резултат со кој да излезе пред граѓаните претпоставувам ќе се служи со некоја црна пропаганда и сл. Меѓутоа верувајте дека граѓаните тоа многу добро го перцепираат и знаат кој работи, кој е чесен и кој ќе направи дела за добробит на граѓаните“, истакна Бобан Стефковски.

Стефковски додаде дека неговата кампања ќе биде исклучително позитивна и насочена кон промовирање на проектите кои се во програмата.

„Ние во програмата имаме реални проекти со конкретен детектиран буџет и извори на средства за финансирање“, рече Стефковски.

Стефковски посочи дека Гази Баба има еден од најголемите буџети на територијата на градот Скопје, околу 18.5 до 20 милиони евра. Меѓутоа од она што можат да го видат граѓаните е дека не се знае кај тие пари завршуваат бидејќи градоначалникот досега ништо не изгради за доброто на граѓаните.

„Имавме и скандалозни изнесувања на градоначалникот каде што сакаше приватни инвеститори во рамките на општината да ги ослободи од плаќање на комуналии. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата но и огромниот притисок на граѓаните кои што не се сложуваа со ваквата постапка допринесе таквата одлука да не се донесе“, појасни Стефковски.