Меѓународниот аеродром во Сараево денеска е евакуиран поради закана за бомба.
Како што јави Радио Сараево, сите патници се итно евакуирани.
Истовремено, прекинати се сите летови, а во тек е и контрадиверзантска проверка која може да потрае неколку часа, пишува Дневни аваз.
По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи на подрачјето на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи. Се спроведува детален преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции се обезбедува целосна безбедност на сите патници и вработени на аеродромот – се наведува во соопштението на аеродромот.