Доколку се одбие средба за излез од националната катастрофа во која живее Македонија, ќе следат сериозни чекори на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

-Народот ќе мора да дојде по своето, но и порака до меѓународните пријатели, алармот одамна веќе свети на црвено, рече Мицкоски.

Како што соопштија од партијата, ВМРО-ДПМНЕ предлага пакет предлози до власта на СДСМ и ДУИ со цел да се изнајде решение за кризите во кои се наоѓа Македонија.

Тоа содржи формирање на четири тима од експерти во делот на економијата, надворешната политика, здравство и образование кои треба да помогнат про боно за изнаоѓање на решенија за проблемите кои ги тиштат граѓаните, проблеми кои во голема мера се предизвикани од неодговорните и непромислените политики на оваа власт или од нивната неспособност и аматеризам. Оттука произлегува и потребата за утврдување на датум за што поскоро предвремени избори како излез од низата кризи во кои западна Македонија. Доколку Ковачевски не е тој кој што носи вакви одлуки во СДСМ и му е незгодно да понесе одговорност, тогаш подготвени сме да разговараме со тие кои ги креираат политиките во СДСМ било тоа да е Заев или Шекеринска. СДСМ треба да се издигне над ситуацијата и да ги стави интересите на граѓаните во овие тешки времиња, над тесно партиските и лични интереси на раководството кое по секоја цена сака да се задржи во своите фотелји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.