Јавноста со низа реакции по најавите за нов закон за пушење којшто ќе биде најрестриктивен досега.

Докторот Александар Митов вели дека губиме илјадници животи поради пушењето, а со тоа даде и поддршка за најрестриктивниот закон досега.

Фејсбук статус на доктор Александар Митов го пренесуваме во продолжение:

Не знам детали за новиот закон против пушењето, но тоа што го читам во медиумите силно ме охрабрува! Ние губиме илјадници животи и милиони евра годишно заради пушењето. Животи кои се бесценети, а милиони евра кои може да се насочат за други приоритети во здравството. Се надевам да видиме и ригорозна примена на таквиот закон. Голем чекор напред кон подобро јавно здравје, напиша Митов!

Повеќе за новиот закон проверете од веста во продолжение:

ВЛАДАТА НАЈАВУВА НОВ РАДИКАЛЕН ЗАКОН: Целосна забрана за пушење во угостителски објекти и на јавни места