Документи до кои стигна редакцијата на Радио Лидер покажуваат дека актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов, издвоил над 30.000 евра од општинските пари за трошоци во кафани.

Договорот Шилегов го склучил со три различни кафеани во Скопје, потпишан е на 15-ти овој месец, а важи од денеска до 21 октомври наредната година. Ова значи дека Шилегов и неговите раководители, доколку повторно ја освојат општинската власт ќе можат да јадат и пијат огромни 30.000 евра за само една година.

Дополнително скандалозно е тоа што ќе може да се јаде и пие од општински пари за време на кампањата за вториот круг на локалните избори.

Договорите се потпишани во четири очи, без распишан тендер за набавка на угостителски услуги.

 

 

 

На новинарско прашање, Шилегов одговори дека ова е само рамка и дека не значи дека тој и неговите соработници ќе изедат и испијат 30.000 евра доколку победат на изборите. Дополнително, тој посочи дека овие пари наводно ќе се трошеле за гозби со странски делегации, иако во самите договори кои ги објавуваме погоре, не е ограничено во која ситуација Шилегов и соработниците би можеле да ги користат овие 30.000 евра.