– Знаев дека ќе падне. Јас кога се качував бев претпазлив, одев сантиметар по сантиметар. Последно нешто што посакував е Бајден да падне, а падот беше ужасен. Всушност, не беше еден, беа три – изјавил Трамп.

Довчерашниот претседател смета дека првиот човек на Америка има “ментален пад“ и е премногу збунет за да потпишува разни документи. Трамп делумно направи паралели помеѓу американскиот претседател и 79-годишниот демократски сенатор Берни Сандерс.

– Нешто таму се случува, нешто лудо… Човек се прашува дали воопшто ги разбира сите работи што ги потпишува, бидејќи ова е полошо отколку со Берни Сандерс кога беше во најлоша состојба. Не очекувавме дека е можно вакво нешто. Дури ни Берни Сандерс на стероиди не би го потпишал она што го потпишува Бајден, рекол Трамп.

Инаку, Доналд Трамп и претходно во неколку наврати сугерираше дека нешто се случува со Бајден затоа што тој ги меша зборовите и речениците и често заборава.