Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2.513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Трета доза вакцина против ковид-19 може да прими кој сака
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, велат од Министерството.
Вакцинирањето со трета доза започна на 27 септември и првично може да се вакцинираат луѓето над 60 години и здравствените работници и луѓето со послаб имунитет без разлика на возраста. На 4 октомври министерот за здравство Венко Филипче рече дека трета доза на вакцина против ковид-19 може да прими кој сака без разлика на возраста.
Нови 406 случаи на ковид 19, починале 12 лица
Заклучно со 6 октомври во земјата вкупната бројка на ковид-дијагностицирани изнесува 193.458, бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819.