По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања.
Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари.
Воведен е засилен здравствен надзор.
Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела.
Прво, доцна им се вклучија „црвените светла”.
Потоа ги криеја податоците.
Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести.
Луѓето во Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност и брза реакција, добија политичка калкулација и префрлање на одговорноста.
Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место.
Гласовите и тендерите на прво.
Ова не е криза што дојде сама. Ова е криза што ја создаде неспособноста и неодговорноста на оние што ја водат државата.
Преземено од libertas
