Во пресрет на парламентарните избори во Грција, што ќе се одржат за една година, во следните денови ќе бидат соопштени две нови партии – една на поранешниот премиер Алексис Ципрас, другата на поранешната претседателка на Здружението на роднините на жртвите од железничката несреќа кај Темпи, Мариа Каристиану – две партии што се најавуваа подолго време, а во изминатиот период беа вклучени и во истражувањата на јавното мислење во земјата.

Ципрас, својата партија официјално ќе ја презентира следниот вторник, на 26 мај, додека пак претставувањето на партијата на Каристиану е закажано за в четврток во Солун.

Иако ниту Ципрас, ниту Каристиану ги немаат отворено картите за тоа каква програма и какви позиции ќе имаат нивните партии, сепак со оглед на тоа што станува збор за јавни личности и познати во земјата, веќе се вклучени во анкетите за медиумите, но без да се мери нивниот рејтинг, туку колкава е веројатноста анкетираните да гласаат за овие партии.