Студентските реакции ги вратија старите цени за сместување во студентските домови.

Управниот одбор на државниот студентски дом Скопје на седница утрово се повлече од најавеното зголемување за 300 денари за сместување и исхрана на студентите. Директорот Велевски за Сител вели дека на утринскиот состанок со министерот Шаќири добиле уверување дека државата ќе покрива поголем дел од трошоците кои им се енормно зголемени. Сметале дека најавеното покачување од 10% нема значително да влијае на студентскиот стандард, но по реакциите во јавноста утрово решиле да ја поправат грешката.

Старите цени за сместување се враќаат, но не и доручекот во студентските домови. Велевски останува на ставот дека со еден оброк обезбеден преку ваучерите од 140 денари дневно и со ручек и вечера во домовите, на студентите не им е скратен ниту еден оброк.

Од студентски отпор се задоволни што се враќаат старите цени за сместување, но нивната битка ќе продоложи додека не се врати и појадокот и додека не се подобрат условите во домовите.