Да го пренесеме на идните генерации он што ни го пренесоа нашите предци, потпишете се! Почитувани, браќа и сестри, денеска и официјално започна пописот во Република Албанија, должност е, а и обврска е на сите да го пренесеме она што нашите предци ни го оставија за да го пренесеме на идните генерации – стои во повикот на МДС (Македонско движење за самоопределување).

Велат дека деновиве сме сведоци на бугарска пропаганда, или како што потенцираат „од посетата на Јотова па се до разни тукашни инсталации во Албанија кои сакаат да не конвертираат во Бугари.

Сакаме да појасниме дека бугарскиот пасош и папири се вадат од економски причини и не претставуваат никаков проблем да се попишиме што сме, и од каде потекнуваме. Ова го знаат и бугарските власти, знаат дека бугари во Република Албанија постојат само во амбасадата во Тирана, се друго е мачкање очи на маѓународната заедница. Затоа, драги наши Македонци, аманетот од нашите предци да го пренесеме на идните генерации за да знаат кои се и што се. Попишетесе за нашинците од Пиринска Македонија, попишетесе и за тие од Егејска Македонија, попишетесе за сите Македонци ширум светот…

Бугарските пасоши сите да ги искористиме на правилен начин, но никогаш да не заборавиме кои сме и што сме…
Попишетесе Македонци, попишетесе за нашите дечиња и идни поколенија, попишете се како Македонци…

Да сте живи и здрави…, апелираат од македонско движење МДС (Македонско движење за самоопределување).