Два пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот и двата сè уште се активни, информира Центарот за управување со кризи.

Едниот пожар е на планината Скопска Црна Гора, над селото Арачиново, на подрачјето на Општина Гази Баба. Според ЦУК, огнот зафатил дел од ниска деградирана шума.

Вториот пожар е регистриран во Општина Прилеп, зад Индустриското училиште, каде што гори сува трева.

Од ЦУК соопштија дека до 13 часот не биле регистрирани други пожари на отворен простор.