– Дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит, некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на Клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид-протоколите е тестирано и е со ковид-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis, се вели во дополнителното соопштение на Министерството за здравство.

Починатото дете е заведено и во денешната статистика на починати од ковид-19.