Новите мерки беа донесени на денешната владина седница, а ги соопшти кипарскиот министер за здравство Константинос Јоану кој истакна дека не можат да бидат рамнодушни пред зголемениот број заразени и силниот притисок врз здравствениот систем.
Исклучоци од мерките ќе има за Велигден, односно за Велика сабота кога полицискиот час ќе биде од еден часот по полноќ, а верниците ќе може да ги посетат црквите, согласно здравствените протоколи.
За Велигден, на 2 мај, во домовите ќе биде дозволен собир на две семејства, односно најмногу десет лица, вклучително и децата.
Министерот за здравство на Кипар изјави дека кога ќе се укинат мерките на 10 мај и земјата ќе се врати на ниво на кое што е сега, ќе постојат посебни правила за местата каде што има собирања (ресторани, фитнес центри, малопродажба, театри, итн.).
Посетителот ќе мора да има или брз тест или ПЦР тест валиден 72 часа или да биде вакциниран најмалку со една доза и да поминале три седмици или да прележал Ковид-10 во последните три месеци.
Согласно официјалните податоци, во изминатите денови на Кипар се зголеми над еден отсто индексот на позитивни случаи од направени тестови.
Од 55.566 тестови вчера беа потврдени 927 случаи (1,67 отсто), со што бројот на заразени во земјата се зголеми на 59.792, а од почетокот на пандемијата починаа вкупно 296 лица.