Џабе верглање, под овие услови нема да има ни влада ни уставни измени
Владината пропаганда веќе неколку дена се труди да наметне мислење дека опозицијата прифатила уставни измени во замена за влез во влада и дека тоа е добро. Сега за разлика од денот на лидерската средба, имаме уште неколку изјави од опозицијата и од власта, па ајде да ги провериме фактите уште еднаш:
- 1. ВМРО-ДПМНЕ нигде не вели дека прифаќа уставни измени туку прифаќа единствено нивно гласање со одложена важност по влезот на Македонија во ЕУ. Во исто време, гаранции од ЕУ за нашиот идентитет и јазик и почитување на правата на Македонците во Пиринска Македонија. Ова дефакто значи промена на преговарачката рамка која ја изгласа СДСМ и е прифатливо за секој рационален жител на државава.
- 2. СДСМ некако магично заборава дека ВМРО-ДПМНЕ сака владата да има мандат само за организирање на избори и во истата да го нема ДУИ. Значи под условите на СДСМ нема да има широка влада.
- 3. Очигледна е нивната координација со оние кои лажно се претставуваат како опозиција па координирано настапуваат за некакво предавство на Мицкоски. Апасиев еве бара за него да гласале гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го подржи развастувањето на СДСМ, тој одработува за нив со нападите кон опозицијата.
- 4. Царот е гол, тоа е одлично. Сега не лаже дека некој вака прифатил уставни измени и власт. Повторуваат како папагали нешто кое за кратко ќе видиме сите дека не е точно.
- 5. Вака како Таче, Милошевиќ лажеше кога го губеше Косово. Вака лажеше и Груевски кога го разбија во Пржино. Поразите ги прикажуваа како победи. Иста е ситуацијата и крајот се наѕира! Крајот е за СДСМ и ДУИ! Мицкоски успеа мудро да ги донесе до работа, му фали само уште еден потег