Во составот на Делегација се и пратениците Павле Трајанов и Хусни Исмаили.

Како што соопшти собраниската прес-служба, пред одржување на пленарната сесија, седници ќе одржат трите Генерални комитети и тоа економија, инфраструктура и енергија, правда, внатрешни работи и безбедносна соработка и социјален развој, образование, истражување и наука, како и Постојаниот комитет.

Се очекува на пленарната сесија да се усвои Завршна декларација.

Покрај тоа, претседателот ќе оствари неколку билатерални средби со присутните делегации.

Делегацијата на Собранието на 23 јуни во Истанбул ќе оствари средба со Асаф Хаџиев, генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК). Собранието на Република Македонија на 22 јуни 2021 година за време на Генералното собрание ПАБСЕК во Молдавија, ќе стане член на оваа организација, што е градење на еден нов мост на пријателство со светот, се наведува во соопштението од Собранието