Интензивна дипломатска агенда на форумот

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари повеќе билатерални средби на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, со фокус на европските интеграции, регионалната стабилност и соработката со партнерите.

„Исполнета политичка агенда на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум“, истакна Муцунски.

Средби со Португалија и Косово

Со португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел биле потврдени добрите билатерални односи и дискутирани европските интеграции.

„Ги потврдивме одличните билатерални односи и разговаравме за нивно понатамошно унапредување, со акцент на евроинтегративниот процес, нашата улога во НАТО и придонесот кон колективната безбедност“, изјави Муцунски.

Со косовскиот министер Глаук Коњуфца биле разменети ставови за регионалната соработка и евроинтегративните процеси.

„Разменивме мислења за билатералната соработка, регионалните прашања и евроинтегративните процеси“, наведе тој.

Разговори со ЕУ и Франција

На средбите со француски и европски претставници биле опфатени напредокот во пристапниот процес и реформската агенда.

„Разговаравме за имплементацијата на Реформската агенда, владеењето на правото и јавната администрација, како и поддршката во овие процеси“, изјави Муцунски.