Смета дека таквата пракса, на вонинституционално договарање и одлучување, не е добра. Партиски дијалог, оцени, мора да има, во континуитет, но не смее од него да произлегуваат одлуки ако за нивното спроведување не се испочитуваат правните и законските процедури.
Толкувајќи ја денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски, Џафери, во гостување на МТВ порача дека никој не му е шеф, ниту Зоран Заев, ниту Ахмети.
– Нема да бидам иницијатор на лидерска средба, посебно во ситуација кога лидер на партија не е пратеник. Работата на Собранието не треба да зависи од лидерските средби. Воспоставената пракса да функционираме на лидерски средби, надвор од институциите е лоша, за жал. Парламентарната демократија не познава вонпарламентарни политички договори, туку функционира на база на пропис и процедура. Не порекнувам дека има потреба од состанување на партиските лидери. Но, тие направиле крчма без крчмар што било преведено дека сум бил суетен зашто не сум бил поканет. Не, не сум суетен, туку укажував дека е лоша праксата на меѓупартиски договори и надвор од институциите да се прокламираат одлуки како конечни, рече Џафери.
Тој потенцира дека е претседател на Собранието и дека сите шефови на претеничките групи му се нему подредени. Според Џафери, треба конечно во земјава да се сфати принципот на парламентарна демократија, а не да се раководиме по принципот на шефување.
– Џафери како претседател на Собранието нема да се впушти во толкување на лидери на политички партии. Но, и Мицкоски и кој било друг треба да разбере, а убеден сум и дека знае оти јас немам шеф. Јас сум шефот. Јас сум претседател на Собранието и никој не ми е шеф, ниту ми е Заев шеф, ниту Ахмети, подвлече Џафери.