Оттаму велат дека во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет.
Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен.
Државниот завод за статистика наведува дека со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за Попис.