На денешен ден, пред еден месец, Турција беше погодена од два разорни земјотреса со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, со разлика од само неколку часа.

Десетици илјади згради и куќи беа срамнети со земја во земјотресот, а повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија.

Спасувачките тимови од целиот свет излегоа на терен и со недели им помагаа на своите турски колеги да ги извлечат преживеаните од урнатините.

Според последните податоци, бројот на загинати во Турција се приближил до бројката од 46.000.

Двата разорни земјотресa беа проследени со 13.000 последователни потреси.

Притвор за 160 лица

Судовите во Турција наредија притвор на 160 лица кои се прогласени за одговорни во врска со урнатите згради во регионите погодени од земјотресот на југот на земјата.

Повеќе од 500 осомничени се приведени во истрагите што ги покрена Државното обвинителство во врска со објекти уништени од земјотресите.

Од приведените, на 160 им е одредена мерка притвор, 175 се пуштени на слобода со изречени мерки за забрана, а по 132 се уште се трага. Некои од осомничените се ослободени.