Едно лице загина, а осуммина се повредени при пукање рано изутринава на собир во Харлем во Њујорк, информираше полицијата.

При пукањето повредени се две женски и седум машки лица, од кои 21-годишно момче им подлегна на повредите.

Во тек е истрагата за околностите што довеле до инцидентот.

Информации за осомничени досега нема, но полицијата на Твитер соопшти за пронајден пиштол на местото на трагедијата.