– Работиме на промена на овие препораки. ЕК работи на нов предлог за да дојде до промен на ситуацијата за патниците од земјите од Западен Балкан, изјави портпаролот на ЕК, Адалбер Јанз.
Тој нагласува дека на овој предлог се работи паралелно со веќе претставениот предлог за издавање дигитални зелени сертификати, како за граѓаните на ЕУ, така и за граѓаните од трети земји кои легално престојуваат во ЕУ.
Во овој момент дигиталните сертификати (планирани за лето) не го менуваат фактот дека во ЕУ на сила се рестрикции кои се однесуваат на неприоритетни патувања во ЕУ, објасни Јанз.
Од ЕК претходно порачаа дека се работи на тоа дигиталните зелени сертификати, кои би требало да ја олеснат слободата на движење во ЕУ, да станат функционални пред почетокот на летото.
Планирано е европските сертификати за вакцинација со било која вакцина против Ковид-19, за поседување на ПЦР тест или антитела, се прошират и на граѓаните од третите земји, а дека се работи и на меѓусебно признавање на сертификати меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.