Украинскиот премиер Денис Шмигал вчера пред медиумите изјави дека прелиминарните економски загуби од војната се проценети на околу 600 милијарди долари, нагласувајќи дека повеќето од загубите треба да бидат покриени со пари на агресорот.

– На Украина и требаат меѓу четири и пет милијарди долари месечно само за да го покрие буџетскиот дефицит, рече тој.

Шмигал исто така нагласи дека директно е засегнат извозот на жито од Украина по ракетирањето на шест големи складишта за жито во земјата.

„Русија предизвикува криза во безбедноста на храната. Милиони тони жито се блокирани во нашите пристаништа“, рече тој повикувајќи ја меѓународната заедница да изврши притисок врз Русија „да организира коридори за транспорт на житото во земјите каде тоа е неопходно“.