– Муслиманите што живеат во Израел слават Рамазан во најсветото место во исламот – џамијата Ал-Акса. Секоја година таму се одржуваат молитвите за овој празник. Бидејќи е многу специфично место, исто што се случува во Ал-Акса се случува и во црквата на воскресението, бидејќи е исто поделена во пет „секти“ на христијански групи и секогаш се случуваат мали караници или „белји“. се случува и внатре во цркават и се случи во џамијата, се случува секаде. Има несогласувања. Во овој момент виделе дека повеќе лица влегле од дозволените бројки и влегла полицијата за да ги сопре луѓето да влегуваат. Во тој момент ваквите работи веднаш се шират на социјалните медиуми. Тоа што се случи претходно во Ерусалим нема врска со тоа што се случи минатата недела иако многу медиуми го поврзуваат, појасни Седрак.
Според него, генерално во Газа и на Западниот брег од последните избори каде има победено организацијата Фатах го имаат под контрола делот од Западниот брег.
– Во делот на Газа владее Хамас и секогаш го има овој проблем меѓу Хамас и Фатах. Димензијата на конфликтот во Палестина и во Израел стигна до она што е денеска, затоа што наместо да земе политичка димензија има земено димензија на религија, појасни Седрак.
Тој ги долови ставовите на соседите на Палестина во однос на конфликтот. Египет, вели тој, го прогласи Хамас како терористичка организација.
– Хамас во последните 20 години, бројот на терористчки напади кон Египет, Сирија и во Либан што ги има извршено вкупно е поголем можеби 100 пати од она што го има направено во Израел. Беше тоа провоцирано кога владееше Мубарак во Египет, и тогаш Мубарак не помагаше во Газа. Од палестинците во Газа не се сите Хамас, има и малцинство што го поддржува Фатах. И во овој период има направено тунели за да влезат во Синаи во Египет, Мубарак ги затвори сите тунели и оттогаш развија ваква насока кон Египет и бројот на загинати во Египет во последните три месеци надмина 340 жртви убиени од Хамас, вели Седрак.
Во однос на инцидентот во џамијата Ал-Акса по што Хамас истрела 1.500 ракети кон Израел, по што реагираше и Израел, вели дека тоа потврдува дека она што се случува сега и она што се случувало пред еден месец нема врска едно со друго.
– Хамас кога бараше од Израел да се сопрат ракетите, не бараа од нив да излезат од оваа населба Жарах ( Шеик Жарах – мала населба во Источен Ерусалим), туку бараа да излезат од џамијата Ал-Акса и во тој момент почнале да пуштаа ракети кон градовите во Израел и Израел мора да одговори, затоа што тие се одговорни за безбедноста на нивниот народ. Во бомбардирањето на Хамас кон Израел, тие немаат технологија за да можат да таргетираат места каде што има витални структури на Израел, појасни експертот.
Седрак вели кога има жртви, муслимани и христијани од ракетите на Хамас, тоа значи дека ракетирањето се извршува на рандом, неорганизиран начин.
– Можеби сакаат да прават штета со одредени структури, но немаат технологија, спротивно на Хезболах, што има технологија за да таргетира одредени места, ама во минатите 20 години секоја ракета што излезе од Либан кон Израел падна само во арапските населби. И тоа е чудно, ако имаш ракета што може да стигне до Тел Авив, а ја пушташ да стигне до Хаифа, а таму 70 отсто се Арапи, и сега како се чувствуваат овие Арапи кога гледаат дека нивниот комшија што би требало да биде нивни поддржувач ги бомбардира. Од друга страна, Израел кога одговори на ова, целта на полицискиот час или евакуацијата беше да асе заштитат добрите луѓе, вели Раби Седрак.
Појаснувањето за уривањето на висококатница во која беа сместени редакциите на „Ал Џазира“, агенцијата АП и на други медиуми во последните жестоки бомбардирања на Газа е дека била цел зашто во неа се наоѓала воена опрема на Хамас, но претходно населението доби предупредување за евакуација.