Лани, емисиите се намалија за 5,4 отсто поради карантините воведени за спречување на ширењето на ковид-19 и политиките што ја ограничија економската активност во поголем дел од светот.
Од земјите со највисоки јаглеродни емисии, Кина и Индија се очекува да забележат повисоки емисии во 2021 година отколку во 2019 година, додека САД и Европа се очекува да имаат малку пониски емисии. Новите бројки јасно го покажуваат светскиот предизвик наметнат поради долгогодишното задоцнето воведување климатски политики и инвестиции.