Според весникот, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ги известила колегите во Пекинг дека би сакале американскиот заменик државен секретар Венди Шерман да ја посети Кина во текот на летото.
Белата куќа одржала прелиминарни интерни дискусии за испраќње на Блинкен или советникот за национална безбедност Џејк Саливен во Кина во оваа година што може да биде подготовка за состанок на Бајден со Си Џинпинг на маргините на самитот Г20 во Рим во октомври, наведува весникот.