-Се надеваме дека овој регион нема да стане регион во кој доминира војна. Нека влезе во иднината како регион во кој доминира мирот, посочи Ердоган.
Се очекуваат разговори.
-Сакаме ставот за ова прашање да се развива во позитивна насока. Можеме да посредуваме за тоа, ќе разговараме за ова прашање со нив, би сакале да учествуваме во решавањето на проблемот преку развивање дијалог и со Украина и со господинот Путин, додаде тој по враќањето од Туркменистан.
Ердоган изрази подготвеност да посредува и покрај тоа што ја „налути“ Москва со продажбата на дронови на Киев, поради тензиите во источна Украина.
Ердоган рече дека Турција сака мир во областа на Црното Море, потсетувајќи дека на таа тема често разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин.