СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник.
Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена
