Проценка на ризик и минимална колатерална штета

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур ја бранеше одлуката за соборување на беспилотно летало кое навлезе во воздушниот простор на Естонија, оценувајќи ја како соодветна и целосно оправдана.

Тој во интервју за естонската телевизија изјави дека одлуката е донесена по сеопфатна проценка на ризиците, особено во однос на безбедноста на населените области.

– „Извагавме различни фактори, како што правиме секогаш: Колку е голема опасноста за населените области? Врз основа на оваа сеопфатна проценка, беше донесена одлуката за негово соборување,“ изјави Певкур, пренесува ДПА.

Дрон соборен од НАТО авиони и истрага за потеклото

Певкур појасни дека клучниот фактор за одлуката била проценката дека колатералната штета би била минимална.

– „За среќа, овој пат практично немаше никаква штета – само мал дел од шумата беше малку засегнат,“ рече тој, додавајќи дека дронот се урнал на неколку стотици метри од станбена зграда.

Според информациите, борбени авиони на НАТО го собориле леталото за кое се верува дека е украински дрон, откако навлегло во естонскиот воздушен простор, при што властите сè уште ја истражуваат неговата натовареност и ризикот што го носел.